Могерини: Иднината на Балканот во ЕУ да биде приоритетно прашање
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Сибиу упати порака за важноста од интегрирање на Западниот Балкан во Унијата. Самитот во романскиот град е посветен на иднината на ЕУ и се одржува на само неколку недели пред круцијалните европски избори.
„Навистина верувам дека лидерите денеска и утре ќе треба да ја гледаат иднината на Балканот во ЕУ како приоритетно прашање за нашиот економски просперитет, за безбедноста на регионот и на целата ЕУ“, порача Могерини пред да влезе на состанокот.