ВМРО-ДПМНЕ со 12 кривични пријави за изборите
Од ВМРО- ДПМНЕ денеска соопштија дека до Јавното обвинителство ќе поднесе 12 кривични пријави за нарушување на изборниот процес. Од партијата посочуваат дека пријавите се однесуваат на организирано гласање во прилепското ромско маало Тризла и во Градско, за поткуп на гласачи во Штип, агитирање и транспорт на гласачи во Шуто Оризари, групно гласање во Чаир, како и организирано носење на гласачи и индиции за поткуп во скопско Маџари и во Ново Село.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека обвинителството мора да преземе конкретни чекори кон, како што наведуваат, разоткривањето на криминалните политики на власта против изборите.