За Јужна Кореја рано е за оптимизам за денуклеаризација
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин изјави дека се уште е рано да се биде оптимист околу понудата на Северна Кореја да се разговара за денуклеаризација со САД. „Ние сме на стартната линија“, порача Мун, кој ги негираше обвинувањата дека земјата постигнала договор зад затворени врати во Пјонгјанг во замена за враќање на преговарачката маса. Тој ја реафирмираше важноста од одржување на блиска соработка со САД. Според него, преговорите за денуклеаризација ќе станат можни само кога Јужна Кореја и САД ќе бидат на иста позиција по прашањето.