Лавров тврди дека сириската влада контролира 90 % од источна Гута
Сириските и руските сили ги евакуирале повеќето од преостанатите бунтовници од источна Гута и Владата сега контролира 90 насто од завојуваното предградие на Дамаск. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со пратеникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура, додавајќи оти се во тек напорите за враќање на нормалниот живот на населението. По преземањето на контролата врз Алепо, ова е најголема победа за Русија и Сирија, но исто така претставува една од најкрвавите кампањи во седумгодишната граѓанска војна. Читать дальше...