Украинските морнари остануваат во притвор во Русија
Судот во Москва ја потврди одлуката за продолжување на притворот за 24-те украински морнари кои беа приведени во ноември во Русија, со што се спротивстави на барањето на ОН тие да бидат ослободени. Московскиот градски суд денеска ја потврди одликата на окружниот суд во Лефортово да ги задржи во притвор до јули, во очекување на исход од истрагата. Адвокатите на морнарите поднесоа жалба на одлуката за продолжување на притворот.
Ваквата одлука доаѓа на само два дена откако меѓународниот трибунал во Хамбург донесе одлука со која Русија треба веднаш да ги ослободи 24те украински морнари и три те украинско поморски бродови кои ги зароби Русија.