Извештај на ИЈЗ: Намалување на случаи и починати од ковид-19 во минатата недела
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали за присуство на ковид-19 и има намалување од 17,6 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Процентот на позитивност се движи од 9,6 до 17,7 отсто со намалување за 4,9 проценти во однос на минатата недела. Читать дальше...