Извештај на ИЈЗ: Намалување на случаи и починати од ковид-19 во минатата недела
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали за присуство на ковид-19 и има намалување од 17,6 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Процентот на позитивност се движи од 9,6 до 17,7 отсто со намалување за 4,9 проценти во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.
Со статус на „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5 отсто во споредба со минатата недела.
Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.
Подготвени шест регионални центри за имунизација против ковид-19
Заклучно со 2 мај со Фајзер вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Спутник В се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на АстраЗенека вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Синофарм се вакцинирани 953 лица.