Жителите на скопски Расадник на протест под мотото „Стоп за бетонизацијата“
Жителите од скопската општина Кисела Вода излегоа на протест под мотото „Стоп за бетонизацијата на Расадник и Кисела Вода“. Тие бараат да престане бетонизацијата на населбата Расадник и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина. Од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“ бараат нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. „Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Читать дальше...