Досега попишани над милион и триста илјади граѓани
Вкупно 1.309.840 луѓе, 405.266 домаќинства и 556.415 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 луѓе. Мали шанси за делегитимирање на пописот ако меѓународната заедница го признае Пописот на населението, домаќинствата и становите во змјава започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември. Последниот попис во земјава се спроведе во 2002 година.