Попишани над 1,8 милиони граѓани, резултатите за шест месеци
За време на Пописот 2021 попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. За 20 години Македонија загубила 190 илјади луѓе. Помалку од 10 илјади луѓе одбиле да се попишат и за нив ќе бидат поведени постапки. Резултатите од пописот се очекуваат до крајот на март следната година.