Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците
Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево поднесе оставка од претседател на партијата Алијанса за Албанците, по неуспехот на вчерашните избори за нов Совет на Тетово. На денешна прес-конференцијата во Тетово, по одржаниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата, бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати. На вчерашните избори, Алијанса за Албанците не освои ниту еден мандат во Советот на Општина Тетово. Читать дальше...