Ескобар очекува конкретен предлог од Србија и Косово
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и пратеникот на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, соопштија од Приштина денеска дека остануваат на Косово со цел да спречат ескалација на ситуацијата на 1 септември. По средбата со лидерите и опозициските партии во земјата Ескобар рече дека очекува Косово и Србија да имаат конкретен предлог за решавање на проблемот со српските регистарски таблички и документи. Тој посочи и дека добил уверување дека никој не сака ескалација и насилство на 1 септември. Читать дальше...