Протести по Париз по вооружениот напад на курдски центар
Курдски активисти, левичарски политичари и антирасистички групи протестираа денеска во Париз поради убиството на три лица пред културниот центар Куршевел во француската престолнина, за кое обвинителството вели дека било расно мотивирано, објави Асошиетед прес. Обвинителството во Париз соопшти дека вчера 69-годишен маж со револвер застрелал случајни минувачи, при што убил три лица, а ранил уште три. Осомничениот напаѓач е ранет и се наоѓа во притвор. Осомничениот се соочува со можни обвиненија за расно мотивирано убиство и обид за убиство... Читать дальше...