Русија против странска интервенција во Судан
Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов изјави дека неговата земја е против било каква странска интервенција во Судан, каде повеќе од 100 демонстранти беа убиени од војската во текот на оваа недела.
Според него, дијалог и компромис е потребен за надминување на кризата во африканската нација. Тој порача и дека руските дипломати се во контакт со сите политички сили во Судан, вклучувајќи ја опозицијата.