Иран ја надминал границата на залиха на збогатен ураниум
Иран го надминал ограничувањето на залихите на збогатен ураниум одредено со нуклеарниот договор од 2015 година меѓу земјата и светските сили, јавија локални медиуми. Новинската агенција Фарс јави дека Меѓународната агенција за атомска енергија потврдила дека била надмината границата од 300 килограми. Се уште нема коментар од агенцијата.
Со договорот се ограничува збогатувањето на ураниум од страна на Иран во замена за олеснување на санкциите врз земјата. САД се повлекоа од договорот, минатата година и повторно воведоа санкции за Иран, кој се жалеше дека останатите потписници Британија, Франција, Германија, Кина и Русија не успеале да ги ублажат ефектите врз економијата на земјата.