Мојсиловиќ: Од Русија добивме поддршка што да се прави со Косово
Во разговор со началникот на Генералштабот на Русија добивме поддршка за тоа како да се работи во однос на Косово, изјави началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, пренесе МИА.
„Ние се уште сметаме дека тоа е српска територија, а едностраните потези на Приштина ја влошуваат безбедносната состојба. Секако, особено нè интересира безбедноста на Србите, не само во северно Косово, туку и низ целата покраина“, изјавил Мојсиловиќ за „Вечерње новости“, по неговата прва официјална посета на Москва.
Тој кажа дека за време на разговорите со рускиот началник на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов, добил потврда дека Русија, како стратешки партнер на Србија, ќе продолжи да обезбедува „многустрана поддршка“, пренесе МИА.
За сомнежите на НАТО кога станува збор српските воени маневри со Русија, началникот на српскиот Генералштабот кажа дека „ние сме отворени и подготвени за соработка и да вежбаме со сите.“