Во Њујорк средба Помпео, Вучиќ
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Њујорк ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, соопшти Стејт департментот. Тоа, ќе биде на маргините на дебатата на Советот за безбедност на Обединетите нации за предизвиците на мирот и безбедноста на Блискиот Исток и поддршката на американската администрација на мултилатералните решенија. Помпео, на маргините на овој собир. Ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.