Италијанското обвинителство наложи заплена на спасувачкиот брод и евакуација на мигрантите
Италијанското обвинителство наложи заплена на бродот на хуманитарната организација Опен армс(Отворени раце) и евакуација на над 80 мигранти кои се наоѓаат на него, јави новинската агенција АНСА. Тој потег доаѓа на крај на драматичниот ден во кој околу 15 мигранти скокнаа во морето, откако поминаа 19 дена на бродот. Со помош на италијанските спасувачи, тие успеаја да допливаат до блискиот италијански остров Лампедуза. Обвинителот Луиџи Патронаџо нареди заплена на бродот, откако го посети и се сретна со пристанишните власти. Читать дальше...