Галовеј: „Рекет“ е можност да се докаже дека правдата е еднаква за сите
Британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј, коментирајќи ги последните случувања околу случајот „Рекет“, изјави дека граѓаните треба да видат дека државата има еднаков пристап кон владеењето на правото.
„Ефективноста и интегритетот на целиот правен систем е предуслов за национална стабилност и просперитет. Случајот Рекет е можност да се демонстрира ефективно, навремено и неселективно спроведување на законите локално. Граѓаните треба да видат дека има еднаков пристап кон владеење на правото“, изјави амбасадорката Галовеј.