Напади со дрон на нафтени постројки во Саудиска Арабија
Две постројки на државната нафтена компанија Арамко во Саудиска Арабија се нападнати рано утринава со беспилотни летала, соопшти министерството за внатрешни работи на кралството. Нападот на капацитетот за обработка на нафта во Бикјак се смета за важен за глобалното снабдување. Инцидентот, како што се јавува, предизвикал пожар. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот иако јеменските Хути претходно извршуваа слични напади во Саудиска Арабија. Коалиција предводена од Саудијците се бори против Хутите кои се поддржани од Иран од март 2015 година. Засега не се знае дали има повредени во новите напади, ниту пак колкава е предизвиканата штета.