Франција против преговори со Северна Македонија и Албанија?
Франција ја информирала ЕУ дека е против отпочнувањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори на Ројтерс.
„Тие се уште не се таму. Бараме од нив да направат дополнителни напори. Преговорите не можат да се отворат во октомври 2019 година, ќе треба да ја преиспитаме ситуацијата некаде во 2020 година“, изјавил француски официјален претставник за Ројтерс.
Министрите на ЕУ за прашањето ќе дискутираат во Луксембург во вторник. Лидерите на ЕУ пак ќе се сретнат на 17 и 18 октомври на самит во Брисел.