Експлозии во џамија во Авганистан, десетици жртви
Во двојна експлозија во џамија во источен Авганистан за време на петочната молитва, загинале 29 луѓе, соопштија властите. При експлозиите се повредени речиси 100 луѓе. Нападот се случил во областа Хаска Мена во провинцијата Нангархар, соопштија официјалните лица. Тие велат дека бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи спасувачите се уште вадат тела од урнатините.
Засега ниту една милитантна група не презеде одговорност за нападот, но и талибанците и групата Исламска држава се активни во источниот дел на Авганистан, особено во Нангархар.