Палмер во Белград се среќава со Вучиќ
![Палмер во Белград се среќава со Вучиќ](https://gdb.rferl.org/14196937-2D93-4D6E-8484-590ACE8C5A03_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград се среќава со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер.
Палмер пред посетата на Белград, ги посети Скопје и Приштина. Тој во Косово изјава дека САД нема да наметнуваат решение на односите меѓу Белград и Приштина и дека нема да има конечно решение додека двете земји не постигнат договор и тоа не го потврдат двата парламенти. Тој процес мора да биде приоритет за граѓаните и на Србија и на Косово и на сите лидери, вели Палмер.
А во интервју за РСЕ, Палмер рече дека Србија мора да ја промени својата стратегија во процесот на дијалог со Косово.
Вучиќ на 2 ноември рече дека е изненаден што Палмер при посетите на Скопје и на Приштина зборува само за обврските на Србија, но не и за тие на Косово.