Палмер во Белград се среќава со Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград се среќава со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер. Палмер пред посетата на Белград, ги посети Скопје и Приштина. Тој во Косово изјава дека САД нема да наметнуваат решение на односите меѓу Белград и Приштина и дека нема да има конечно решение додека двете земји не постигнат договор и тоа не го потврдат двата парламенти. Тој процес мора да биде приоритет за граѓаните и на Србија и на Косово и на сите лидери, вели Палмер. Читать дальше...