Средба Пендаровски - Макрон за појасна слика за француските барања
Најавената средба меѓу македонскиот и францускиот претседател Стево Пендаровски и Емануел Макрон е добра вест за придвижување на евроинтегративниот процес на земјата, велат упатените. Очекувањата се дека позициите на Франција за процесот на проширување ќе станат појасни.