Македонските парламентарци побараа од француските колеги поддршка за датум
Во Францускиот Сенат се одржува посебен состанок на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, посветен на темата „Европските демократии соочени со лажните вести и одговорите кои што земјите членки на Советот на Европа можат да ги дадат во справувањето со овој глобален феномен“. На состанокот учествува и шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ Бетиан Китев, кој имаше обраќање на средбата, а се сретнал и со претседателот на Комисијата за европски прашања на францускиот Сенат, Жан Бизе, јавува дописникот на МИА.
Македонските парламентарци се активни во парламентарната дипломатија за убедување на нивните француски колеги, за добивање зелено светло за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на идниот европски самит. Со оглед дека ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО е во тек и се очекува наскоро процесот да биде заокружен во францускиот Парламент, на средбата Китев и Бизе разговараа, пред се, за почетокот на преговорите за членство во ЕУ, за што Франција
се спротивстави, јави МИА.