Мицотакис - Грција подготвува инцијатива за Скопје и Тирана
Европа и покрај воздржаноста, ги држи отворени вратите за Западен Балкан, уверен е грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој вели дека со соодветните предуслови, сонот за полуостров на мир и слобода во економијата, идеите, движењето на луѓето и производите, може да стане реалност, а знамето на Европа да се вее и во Тирана и во Скопје. Мицотакис се обрати на Самитот во Солун и истакна дека патот на сите балкански држави кон напредок „беше и е заедничка визија“.
Тој рече дека шефот на грчката дипломатија подготвува инцијатива за Скопје и Тирана да ги покани неговите колеги од Албанија и Македонија во Брисел на следниот Совет за надворешни работи на ЕУ, функционирајќи како ефикасен канал за комуникација.
Мицотакис ги охрабрува државите кандидатки да ги направат тешките промени што ќе ги доближат до Европа.