Дебата за буџетот- Ангеловска тврди дека јавниот долг е стабилизиран
Јавниот долг е стабилизиран и е намален за 1,1 процентен поен во однос на долгот од 2016 година кога изнесувал 48,8 отсто и кога галопирачки растел, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во денешната расправа за Предлог-буџетот 2020 во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Таа посочи дека следната година ќе се сервисираат стари долгови во износ од скоро 440 милиони евра, како и дека на домашниот пазар ќе се сервисираат долгови по основ на претходно издадени државни хартии од вредност.
Во расправата министерката наведе рече дека со повлекувањата однадвор последните две години се финансираат крупни инфраструктурни проекти како автопатот Миладиновци-Штип 80 милиони евра, за автопатот Кичево-Охрид 110 милиони евра, за изградба на гасоводот 55 милиони евра, 20 милиони евра за Коридорот 10, за експресниот пат Радовиш-Штип 20 милиони евра, за проектот за магистрални и регионални патишта 20 милиони евра, за проектот за мали и средни претпријатија 32 милиони.