Крадци украле непроценливо богатство од музеј во Дрезден
Крадци го ограбиле познатиот музеј во источно германскиот град Дрезден земајќи три комплета накит од 18 век во кој имало дијаманти, рубини и смарагди, соопшти локалната полиција. На безбедносни камери се гледаат двајца мажи како упаѓаат преку прозорец во музејот кој се наоѓа во кралската палата во раните утрински часови на 25 ноември. Во музејот има околу 4000 скапоцени предмети. Полицијата соопшти дека тие биле известени пред пет часот утрото за упадот и кратко време по тоа стигнале во музејот. Засега нема осомничени за кражбата.