Протести во Бишкек против корупција
Демонстранти во Кигристан бараат одговорност од главните актери во корупцискиот скандал, кој го открија од киргистанскиот сервис на РСЕ, ОЦЦРП и киргистанскиот сајт „Клоoп“. Тие во истражување посочуваат на можна широка корупција во царинската служба и големи одливи на готовина од земјата.
Околу 2000 демонстранти се собраа во центарот на Бишкек со транспаренти „Бараме владеење на законот“, и „Местото за крадците е во затвор“. Тие носеа и слики од поранешниот заменик началник на Царинската служба Раијмбек Матраимов со натпис „Мора да се затвори“.
Демонстрантите рекоа дека бараат „соодветна“ истрага за наводната корупција што предизвика негодување во јавноста во последните денови.