Физички бариери и предрасуди пред лицата со хендикеп
Честите промени на законите не донесоа реална промена на терен во однос на градската инфраструктура која се уште не е прилагодена на луѓето со хендикеп. Од невладините организации наведуваат дека освен пристапноста државата треба да ја унапреди и јавната свест бидејќи лицата со хендикеп се уште се соочуваат и со нееднаквост.