Претседателот на Уставниот суд се сретна со германскиот амбасадор
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска имаше средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, го запознал амбасадорот со проблемите со кои се соочуваат и кои влијаат не само на кредибилитетот на Судот, туку и на неговите секојдневни активности и за потребата од интервенција во Деловникот на Судот во делот на постапката за заштита на слободите и правата и за донесување на посебен Закон за Уставниот суд за да се зголеми опсегот на човековите слободи и права кои треба да бидат под уставно-судска заштита. Мурати ја навел и потребата од целосно остварување на финансиска и административна независност на Судот, воздигнување на статусот на уставните судии, како и статусот на Стручната служба, се наведува во соопштението од Уставниот суд.