Индекс на просперитет за 2019: Македонија на 54 место
Северна Македонија е на 54 место меѓу 167 држави што се во Индексот на просперитет за 2019 година, објавен од лондонскиот институт Легатум. Според Институтот Легатум од 167 земји опфатени со индексот, 148 земји – со 88 проценти од светската популација – бележат напредок во просперитет од 2009 година година.
Македонија има добри резултати во областа на услови за инвестирање (52 место) како и услови за живеење (50 место). Најслаба е во областа – образование (86 место). Од 2009 година државата бележи скок за едно место (во 2009 година била на 55 место).
Од регионот Словенија е на 27,Бугарија на 49, Црна Гора е на 50 место, Србија на 52,Албанија е 65-та и 70-та е БиХ.