Прес конференција на Столтенберг за самитот на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел ќе одржи прес конференција во врска со претстојниот самит на Алијансата во идната недела во Лондон. Еднодневниот собир на лидерите на 29 земји членки на НАТО тогаш ќе ја одбележат 70 годишнината од постоењето на овој најголем воен сојуз во светот. Столтенберг вчера во Париз имаше состанок со францускиот претседател Емануел Макрон кој претходно оцени дека НАТО претпрпел „мозочен удар“ и оти е неопходно да се преразледаат односите во самата Алијанса. Тоа наиде на критики од другите членки на НАТО.