Даниелсон се сретна со Османи и со Мицкоски
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи се сретна со директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ, Кристијан Даниелсон. Од Секретаријатот за европска политика велат дека на средбата се разговараше за европските интеграции на земјава и перспективите околу враќањето на процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, откако во октомври не добивме датум за преговори.
Османи вели дека радува фактот што постојан бројни иницијативи на земјите членки за враќање на процесот на агендата на ЕУ.
„Се надеваме дека ЕУ ќе го искористи претстојниот период за повторно разгледување на можноста за одредување датум за старт на преговорите со Северна Македонија во текот на хрватското претседателство, без разлика на процесот на реформирање на методологијата за преговори“, истакна Османи на средбата.
Даниелсон се сретна и со делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, клучните предизвици со кои се соочува Македонија и претстојните парламентарни избори.