САД со уште илјада војници на Блискиот исток?
Соединетите држави соопштија дека ја разгледуваат можноста да испратат дополнителни војници на Блискиот исток поради загриженоста од иранските акции во регионот. Потсекретарот за одбрана Џон Род изјави во Конгресот дека Вашингтон гледа на однесувањето на Иран со загриженост. Тој ги отфрли наводите во весникот „Вол стрит џурнал“ дека Пентагон разгледувал да испрети околу 14.000 војници во регионот. Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон растат откако претседателот Доналд Трамп во мај минатата година се повлече од нуклеарниот договор со Иран.