„Скопје сити мол“ се евакуира поради дојава за бомба
![„Скопје сити мол“ се евакуира поради дојава за бомба](https://gdb.rferl.org/3141DA7B-4FD7-409A-8B29-33B304C95D66_w800_h450.jpg)
Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош во моментов се евакуира поради дојава за бомба. Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата. На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари. Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.