Азербејџанската владејачка партија освои 72 пратенички места
Азербејџанската владејачка партија Нов Азербејџан соопшти дека освоиле 72 пратенички места на парламентарни избори што се одржаа на 9 февруари. Извршниот секретар на партијата Али Ахмедов во пост на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ова се првичните резултати од Државната изборна комисија во која продолжува броењето на гласовите.
Комисијата ден претходно соопшти дека владејачката партија освоила 70 од 125 места колку што има во парламентот додека сите останати места ги земаа помалите партии и независните кандидати лојални на претседателот Илхам Алијев.
Меѓународните набљудувачи посочија на широко распространето прекршување на гласачката процедура во пребројувањето на гласовите. На 11 февруари азербејџанската полиција притвори повеќе од 20 опозициски и независни кандидати кои протестираа против резултатите на предвремените парламентарни избори.
Полицијата во Азербејџан притвори повеќе од 20 опозиционери