Гренел: САД не ги поддржуваат полумерките на Курти
![Гренел: САД не ги поддржуваат полумерките на Курти](https://gdb.rferl.org/83E71BE3-F380-429F-AC72-70B6178ECCCC_w800_h450.jpg)
Американскиот специјален претставник за дијалогот Белград- Приштина, Ричард Гренел објави дека САД не ги поддржуваат полумерките на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на царините за стоки од централна Србија.
„Нашата позиција е сосема јасна: таксите мора да бидат целосно укинати. Курти прави сериозна грешка и ова му е јасно ставено на знаење на косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа“, напиша Гренел на Твитер во врска со постепеното и условно укинување на царините на стоки од централна Србија и БиХ.