Времето облачно со повремен дожд и снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.
Утринската температура се движи од минус два до два, а дневната ќе биде од еден до 14 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.
Утринската температура достигна до нула, а дневната температура ќе биде до 11 степени.