Ќе има ли контрола на партиските каси во кампања?
![Ќе има ли контрола на партиските каси во кампања?](https://gdb.rferl.org/341F3494-E668-4C2C-835F-4F77A06D1A02_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Како и пред сите изборни циклуси, така и пред овие избори, финансирањето на политичката кампања е едно од прашањата кои ќе бидат во фокус на јавноста. Упатените потсетуваат дека во минатото постоеја сомневања за незаконитости околу финансирањето, но досега никој не понесе одговорност за тоа.