Путин одлучи Парадата за Денот на победата да биде на 24 јуни
Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, денеска донесе одлука на 24 јуни да се одржи воена парада, која традиционално се одржува во Москва на 9 мај за Денот на победата, пренесе Ројтерс. Годинашната парада беше одложена поради епидемијата на коронавирусот.
Поради коронавирусот поинаква церемонија во Русија за одбележување на Денот на победата над фашизмот
Поради пандемијата, на 7 мај, десетици авиони и хеликоптери прелетуваа над Москва, како дел од подготовките за воздушната парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна.