Седум повредени во бомбашки напад во Сомалија
Најмалку седум лица се повредени додека полицијата пукала во бомбаш самоубиец на контролен пункт пред пристаништето во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија властите. Се уште никој не превзема одговорност за нападот.
Според властите, напаѓачот со автомобил се движел низ првиот безбедносен пункт пред полициските службеници да отворат оган кон возилото кое експлодирало пред портите. Меѓу повредените има полицајци и цивили.
Групата Ал-Шабаб поврзана со Ал Каеда редовно спроведува вакви напади во земјата. Екстремистичката група беше протерана од Могадишу пред неколку години, но продолжува да цели на области со висок профил, како што се хотели во приморскиот град.