Во САД за еден ден заразени 77.638 луѓе од коронавирусот
![Во САД за еден ден заразени 77.638 луѓе од коронавирусот](https://gdb.rferl.org/C0D1EEC8-423D-4343-9892-BDC0868DFB16_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Во САД на 17 јули регистрирани се 77.638 лица заразени од коронавирусот, а од почетокот на епидемијата во земјата инфицирани се скоро 3,64 милиони луѓе, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс кој секојдневно го пренесува билансот на заразени и починати.
Во изминатите 24 часа 927 луѓе починале од коронавирусот, а вкупниот број на починати е 139.128.
Западниот дел на САД е најмногу погоден од епидемијата. Во сојузната држава Калифорнија соопштено е дека во четвртокот во Лос Анџелес и околината заразени биле 4.500 луѓе.
Локалните власти во државите Тексас и Аризона нарачале камиони ладилници, бидејќи во мртовечниците веќе нема место за починати од коронавирусот.