Започнува сезоната на прогласување на добитници на Нобелова награда
Годинашната сезона на Нобеловата награда започнува денеска со објавување на лауреатите за медицина, а имињата на добитниците за физика, хемија, литература и мир ќе бидат објавени во текот на целата недела. Минатата година Нобеловата награда за медицина им припадна на Американците Вилијам Каелин и Грег Семенза, и Британецот Питер Ратклиф за истражување за прилагодување на клетките на променливото снабдување со кислород, што е важно во борбата против ракот и анемијата. Како што беше претходно најавено, името на лауреатот за физика ќе биде објавено во вторник, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок за мир.
Норвешки пратеник го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир
Името на добитникот на наградата за економија секогаш се објавува на крајот, односно идниот понеделник. Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, пронаоѓачот на динамитот, кој сакаше секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за неговиот придонес во човештвото.Алфред Нобел (1833-1896) ги назначи институциите што ќе ги доделуваат наградите секоја година, вклучително и Шведската академија за литература, Институтот за медицина Каролинска, Кралската шведска академија за физика и хемија и Мировниот комитет специјално избрани од норвешкиот парламент.