Во болниците во земјата се лекуваат 883 пациенти со ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид- центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид- центрите.
Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 379 пациенти
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, како што се наведува во соопштението, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.