Бајден ќе има обраќање за годишнината од пандемијата против ковид-19
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе има телевизиско обраќање по повод одбележувањето на годишнината од пандемијата на ковид-19, соопшти Белата куќа. Во обраќањето Бајден „ќе се осврне врз многуте жртви што ги направи американскиот народ во текот на минатата година и претрпената огромна загуба на семејствата низ целата земја“, изјави секретарката за печатот на Белата куќа Џен Псаки. На 11 март 2020 година, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус ја класифицираше епидемијата на коронавирусот како пандемија.
САД имаат околу 500.000 смртни случаи од коронавирусот
Два дена подоцна, тогашниот претседател Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба, забрани влез во земјата од поголемиот дел од Европа од страна на државјани кои не се од САД и воведе мерки на ограничување кои тешко ја погодија најголемата економија во светот. „Оваа недела се одбележува една година кога земјата во суштина беше затворена“, рече Псаки, додавајќи: „Важно е да се напомене, какви чекори се преземени и каков напредок е направен на патот кон заздравување на земјата“.