Заев и Брнс на средба за владиниот план за борба со корупцијата
Премиерот Зоран Заев и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс, вчера имале средба на која разговарале за усвоениот владин План за борба против корупцијата, соопшти денеска владината прес-служба. Според владиното соопштение, премиерот Заев истакнал дека Владата е целосно посветена на неговото спроведување како системски организиран процес за зајакнување на капацитетите и за синхронизирање на активностите на институциите за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите. Читать дальше...