Јапонија ја одбележува 10-годишнината од катастрофата во Фукушима
![Јапонија ја одбележува 10-годишнината од катастрофата во Фукушима](https://gdb.rferl.org/2faa4425-c4a1-4025-bb48-c33dd18e7ada_w800_h450.jpg)
Јапонија со минута молчење ја одбележа 10-годишнината од смртоносниот земјотрес, цунами и нуклеарна катастрофа во северниот регион. Земјотрес со јачина од 9,0 степени според Рихтеровата скала, еден од најголемите регистрирани, се случи на 11 март 2011 година, при што започна огромно цунами, уништувајќи ги градовите и предизвикувајќи оштетувања во нуклеарната централа Фукушима Даичи. Повеќе од 18.000 луѓе загинаа, а скоро половина милион луѓе во регионот беа раселени. Повеќе од 40.000 луѓе сè уште не можат да се вратат дома една деценија подоцна. Многу делови на Фукушима, каде што е уништената централа, сè уште се забранети заради радиоактивна контаминација.
Нуклеарната вода од Фукушима ќе се фрла во морето?
Преживеаните се молеа за жртвите и се сеќаваа на своите најблиски со минута молчење во 14:46 часот. (06:46 по средноевропско време) кога се случи земјотресот. Луѓето, кои носеа букети, одеа кон крајбрежјето или гробовите за да се молат за роднините и пријателите загинати во цунамито. Царот Нарухито изрази длабоко сочувство за жртвите и рече дека се уште има многу работа до за надминување на проблемите од катастрофата. Патиштата, железничките линии и другите клучни инфраструктури и живеалишта главно се поправени по цена од над 280 милијарди долари, но земјата останува напуштена на крајбрежјето.