Националниот парк Маврово осум години чека репрогласување
Маврово е национален парк од 1949 година, но неговиот статус е ставен под прашање, бидејќи државата нема направено негово репрогласување. Проблемот е во несогласување околу зоните за заштита на подрачјето кои треба да ги предложи Јавната установа НП Маврово, а да ги прифати Министерството за животна средина и потоа да биде усвоен нов закон за репрогласување на националниот парк.